SKU: 1004242
Л-триптофан е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира поради што мора да се внесе преку храната или преку суплементација. Во метаболизмот учествува како градивен дел на протеините, но и како важен аминокиселински прекурсор на серотонин и мелатонин, важни неуротрансмитери.
После ресорпцијата, Л-триптофан во телото се конвертира во 5-ХТП (5-хидрокситриптофан), а потоа во серотонин, мелатонин и витамин Б-6 (никотинамид).
Серотонинот и мелатонинот се важни неуротрансмитери (преносители на информациите меѓу нервните клетки) кои играат важна улога во нормализација на сонот, расположението, контрола на болка, цревна перисталтика и многу други функции во организмот.
Зголемено ниво на серотонин во организмот ја намалува потребата за јаглехидрати поради што триптофанот е одличен во борба против дебелина.
Поддржува релаксација.
Поддржува позитивно расположение.
Поддржува мирно спиење.
Внимание:
Не смее да се зема заедно со антидепресиви (MAOI, SSRI), клоназепам, лоразепам, фенобарбитол, декстрометорфан, меперидин, трамадол…. бидејќи може да доведе до Серотонински синдром.
Овој синдром настанува кога постои вишок на серотонин во мозокот.
Симптомите вклучуваат прекумерно потење, иритација, грозница, нагли промени во крвниот притисок, збунетост, агитација или манија.