Испорака 160ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Revita Orange е диететски производ базиран на лиофилизиран матичен млеч. Се работи за освежителен и вкусен напиток кој служи како додаток во секојдневната исхрана.
Ароматизиран е со природна арома од портокал, засладен со конзумен шеќер, обогатен со витамин Ц и природна боја – бета-каротин.
Препорачлив е за лица од сите возрасти за јакнење на општата конституција, имунитетот и отпорноста на стрес. Особено е корисен за деца, млади, спортисти и луѓе изложени на зголемени умствени и физички напори, како и на загадувања во работната и животната средина.
Редовната консумација (три чаши дневно или повеќе) го зајакнува имунитетот, ја зголемува отпорноста на стрес и инфекции и го забрзува процесот на детоксикација – чистење на организмот од токсини и штетни метаболички продукти.
По подолга употреба, се јавуваат дополнителни благотворни ефекти: побрза регенерација по повреди и болести, ублажување на тегоби при воспалителни и алергиски состојби, зголемување на физичката и менталната сила, подобрување на расположението и квалитетот на сонот.
Revita Orange има добиено голем број препораки од корисници и официјални институции.