Испорака 160ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Гингивал®гел се препорачува како помошно средство за одржување на резултатот кој го постигнал стоматологот, спроведувајќи стандардна (конзервативна) терапија кај пациенти со изразени знаци на воспаление на непцата, настанати поради гингивит, пародонтопатија, наслаги на забен каменец и други причинители.
Соодветен е и за употреба после други стоматолошки интервенции, затоа што ги заштитува и оддржува непцата во добра состојба:
- После и во тек на предавањето на мобилните забни надоградби - тотални и парцијални протези;
- После предавањето на фиксните протетско забни надоградби - коронка и мостови;
- После брусење на забите за фиксни протетски надоградби.
Дејството на Гингивал®гел се заснова на познатото дејство на растителните состојки кои влегуваат во неговиот состав: течен екстракт од цветот на камилица (Chamomillae flos), тинктура oд ризомот на потентила (Tormentillae rhyzoma) и масло од листот на питомо нане (Menthae piperitae folium).