Испорака 160ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Gengigel Први запчиња ја ублажува болката и отокот кај Вашите малечки и го забрзува зараснувањето на непцата при никнување на забите.
Gengigel Први запчиња е иновативен гел со нов патентиран полимерен матрикс за слузницата на устата. Невидливиот, еластичен и отпорен филм создава ефикасна заштитна преграда и има долготрајно дејство.
Клиничките испитувања покажуваат дека новата формула Gengigel Први запчиња побрзо и поефикасно ги ублажува симптомите при никнување на забите за разлика од геловите со локален анестетик.
Gengigel Први запчиња е ефикасен и кај:
- повредени непца како последица на паѓање на млечните заби,
- ранички и улкуси (афти) во устата,
- воспаление и крварење на непцата од различни причинители.
Поради содржината на хијалуронската киселина, која е природен составен дел на нашите непца, Gengigel први запчиња е потполно безбеден за употреба. Ако мала количина од гелот се проголта, таа нема да се апсорбира во организмот, ќе се исфрли од телото на ист начин како и храната.