Испорака 160ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Со употребата на Beviplex® B/Bevipleks® Б филм-обложена таблета може да се задоволат дневните потреби на организмот за витамините од групата Б и да се надомести нивниот недостаток во исхраната
Содржат комбинација на витамини од групата Б, со фактори на високи биолошки вредности, кои во физиолошка смисла прават функционална целина. Нивната улога се состои во одржувањето на метаболичките, хемиските и физиолошките процеси потребни за нормално функционирање на организмот. Особено поволно делуваат на нервниот систем, а исто така допринесуваат за подобрување на снабденоста на кожата со крв, го спречуваат нејзиното сушење и создаваат услови за стимулирање на регенерацијата и нормалната работа на лојните жлезди
Beviplex® B/Bevipleks® Б филм-обложените таблети се наменети на:
- Деца, за правилен раст и развој;
- Лица со зголемена потреба за витамини од групата Б (редукциони диети, диети богати со јаглени хидрати, рековалесценти, акутни и хронични заболувања);
Лица изложени на тешки физички и умствени напори (спортисти, рекреативци, ученици)
- Лица со слаб апетит;
- Лица кои конзумираат алкохол;
- Лица кои имаат проблеми со кожата (акни, сува кожа);
- Лица после долга употреба на антибиотици;
- Повозрасни лица.
Производот не е наменет за деца под 12 години.