Испорака 160ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и исцрпеноста.
Витаминот Б1 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и нормална функција на срцето.
Витаминот Б2 придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и нормална психолошка функција.
Витаминот Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и нормална функција на имунолошкиот систем.
Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција.
Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.
Сирупот има вкус на ананас.