SKU: 1003675
За да пораснат здрави и силни, освен избалансирана исхрана, на бебињата им е потребен широк спектар на витамини и минерали. Baby Vit од Health Aid се специјално формулирани капки кои имаат за цел да им ги обезбедат на вашите деца сите материи кои се неопходни за нивен здрав и правилен раст и развој.
BabyVit капките содржат:
Витaмин А – го стимулира и одржува имунитетот, учествува во правилниот развој на коските, го стимулира лачењето на хормонот на раст.
Витамин Д –овозможува ресорпција и депонирање на калциумот во коските а со тоа овозможува истите да бидат здрави и цврсти.
Витамин Ц – го подобрува имунитетот, штити од вирусни инфекции, стимулира синтеза на колаген и помага во заздравување на рани.
Витамин Е – претставува моќен антиоксидант и ја штити клетката од слободни радикали, воедно го подобрува и метаболизмот.
Тиамин (Б1) – го одржува здравјето на нервите и ја потпомага нивната регенерација.
Рибофлавин (Б2) – го потпомага метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините со цел ослободување енергија.
Никотинамид (Б3) – заедно со Б1 и Б2 го потпомага метаболизмот на јагленитехидрати.
Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на неуротрансмитерите па поради тоа помага во регулирање на умствените процеси.
Секојдневното земање на Baby Vit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија, како и подобар ментален развој:
Бебињата и малите деца кои не добиваат доволно хранливи материи поради нивниот начин на исхрана.
Бебињата и малите деца со недостаток на енергија поради лошото спиење и вознемиреност.
Бебињата и малите деца кои имаат потешкотии со голтање таблети.
Бебињата и малите деца кои примаат лекарства или кои заздравуваат од болести.
Бебињата и малите деца кои имаат потреба од помош со ментална стимулација, фокусирање и концентрација.