Becutan млекото за сончање во спреј, со заштитен фактор 20, има исклучително блага формулација и е наменет за заштита на кожата од штетното дејство на УВА и УВБ - зраците, кај најмладата популација. Becutan млекото со СПФ 20, лесно се нанесува и овозможува оптимална заштита на кожата на дечињата кои вродено имаат потемен тен, или пак за деца со светол тен, но во поодмината фаза на сончање. Антиоксидантното дејство на витаминот Е на природен начин ја заштитува кожата од штетното влијание на слободните радикали, кои се создаваат под дејство на сончевите зраци, а Д-пантенолот ја спречува дехидратацијата на нежната детска кожа и помага во нејзиното обновување. Формулацијата е клинички тестирана. Не содржи минерални масла, боја и алкохол. Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце или по секое капење.
Блага формулација, содржи витамин Е, не содржи минерални масла, не содржи боја, не содржи алкохол, клинички тестиран.